ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроенетрохепатологија во целост ги демантира тврдењата на адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, дека не сакале да го прегледаат неговиот клиент и дека некои од колегите се шегувале со неговата здравствена состојба.

Адвокатот го има наодот од прегледот, проценка е дека е потребно да се направи колоноскопија, што кај најголем број пациенти се прави во амбулантски услови. Со образложение дека во притвор нема услови за прочистување, адвокатот на Б.Ј. бара тоа да биде направено во хоспитални услови, за што одлучува Судот. На пациентот Б.Ј. му беше закажан преглед во понеделник (18.11.), со план да се направи негова подготовка во болница, но тој не беше донесен на Клиника. Истакнуваме дека внимателно ќе бидат разгледани новите медицински информации на пациентот, што за Стручниот колегиум на Клиниката, сепак, е најбитно и дека ќе биде постапено согласно неговата здравствена сосотојба, како што налага медицината базирана на докази – се вели во реакцијата од клиниката за гастроенетрохепатологија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.