Сообраќајна несреќа, во која за среќа нема жртви, вечерва го запре сообраќајот на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, во правец од општината кон чаршијата. Сообраќајот се пренасочува по другите улици.

Репортерот на Република јавува дека со црвениот џип мерцедес управувала ќерката на познат охридски бизнисмен, која од непознати причини изгубила контрола над управувачот.

Полициски екипи вршат увдид на местото на несреќата, а подетални информации ќе има во текот на утрешниот ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.