Жителите на скопско Драчево денес за време на полицискиот час ги вознемирија истрели од оружје и залутан куршум кој заврши во двор во автомобил. Според првичните информации се работи најверојатно за куршум од огнено оружје кој пробил лимен покрив и завршил во задниот дел на автомобилот. На само неколку метри од местото каде завршил куршумот седело целото семејство.

Настанот се случил на улицата „Речиште“ во селото Драчево некаде пред 15 часот. Во дворот каде завршил куршумот на само неколку метри од автомобилот во кој се забило зрното, седеле членовите на семејството кое живее во куќата.

Вознемирени и исплашени за МКД.мк раскажале дека пред да слушнат звук во лимот, па во автомобилот, слушале постојано истрели од огнено оружје за време на полицискиот час.

Според нив, звуците од пукањето кое му претходело на овој инцидент, и кое како што велат, наликувало на војна, доаѓале од селото Студеничани каде живеат Албанци кои денес го празнуваат Рамазан Бајрам.

Ова место е во близина на местото каде завршил куршумот. Повеќе на мкд.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.