И инспекторите надлежни за контрола и почитување на протоколите за заштита од ковид-19 на концерот на Петар Грашо во Битола ќе се соочат со одговорност, вели во изјава за „Слободен печат“, првиот човек на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски, потенцирајќи дека ќе бидат покренати дисциплински постапки, бидејќи рано го напуштиле настанот, по што настанал хаосот.

Нашите инспектори направиле еден записник на почетокот од концертот во 9 часот и 30 минути, им го дале да го потпишат, за да не седат до крај. Кога си заминале инспекторите, тие ги отвориле вратите и влегле многу посетители. Новинари ми пратија фотографии кога се излегло од контрола, па повторно испратив инспектори во 23 часот и 45 минути кои виделе слика која не кореспондирала на првичната. Грешка на инспекторите е што си заминале уште на почетокот и за тоа ќе има дисциплинска постапка за и другите да се научат дека не треба да се верува туку да се седи до крај на настанот. На почетокот било се во ред. Имало мерење на температура, маски, редарска слижба, редарот им сугерирал на посетителите да бидат на растојание. Потоа настанал хаосот, вели Пауновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.