Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поднесе предлог за издавање казнен налог против три лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

-Тројцата обвинети на 8 април биле затекнати надвор од нивните домови за време на полицискиот час, со што не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Македонија, соопштија од ОЈО Тетово.

Обвинителството на Основниот суд Тетово му предложи на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.