Стотици возила од излезот на Прилеп кон Кавадарци со часови чекаат во колони поради големите пожари кои се активни кај месноста Тројанци до Радобил, пишува Фокус.

Од АМСМ информираат дека патот ќе биде затворен најверојатно до раните утрински часови. Поради силниот ветер има проблеми со гасењето.

Дел од патниците кои заглавија на патот веќе почнаа да бараат сместување во хотелите низ Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.