Утрово во 01:30 часот во Полициско одделение Матејче, 60-годишен жител на кумановско село пријавил дека околу 21.35 часот, додека бил во неговата куќа заедно со сопругата и нивната 21-годишна ќерка, дошол неговиот поранешен зет Д.С. од с.Орланце, скопско, со уште едно лице.

Според пријавата, двајцата мажи физички ја нападнале ќерката и со закана со оружје ја одвеле од домот.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.