Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал во координација со Одделението за внатрешни работи Кичево, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Ш.Љ.(40) од кичевското село Жубрино. На него му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, инфомира портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.

Тој додаде дека пријавениот, во периодот од 26 до 28 јули 2019 година, со цел да пронајде и одземе пари и злато и да се стекне со противправна имотна корист, насилно влегол во куќата сопственост на Б.Б.(67) во селото Црвевци и со употреба на дрвени предмети и со физичка сила, го нападнал нанесувајќи му повреди од кои потоа починал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.