Сообраќајна несреќа се случи вчера во Кичево, кога автомобил удри во паркирано возило, а потоа и во пешак во градот, соопшти МВР.

Вчера во Кичево на улицата Исен Акиоски патничко моторно возило “опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(49) од Кичево, удрило во паркирано патничко моторно возило “мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки паркирано од А.А.(51) од Кичево, а потоа и во пешакот А.Ф.(59) од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Ф., констатирани во Медицинскиот центар Кичево“, велат од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.