Видеоматеријали од тајното следење на Зоран Милевски – Кичеец денеска беа презентирани од страна на обвинителството во случајот „Рекет“. Помеѓу снимките, се најдоа и неколку средби на Кичеец во познати локали низ Скопје.

Извори на „Република“ откриваат дека на една од нив Кичеец седел во скопски локал со В.З., брат на македонски политичар, кој до неодамна беше на висока позиција, како и адвокатот В.А., кој важи за доста близок до семејството.

Останува отворено прашањето што тие двајца барале заедно со Кичеец и каква е поврзаноста со случајот „Рекет“.

Дополнително, сомнежи за оваа снимка отвора и однесувањето на обвинителката Вилма Рускоска, која само ја пушти, но не даде и никаков опис за оваа снимка, за разлика од останатите презентирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.