Продолжува прикажувањето на снимките на обвинетиот за рекет Бојан Јовановски – Боки 13 и на осудениот за рекет Зоран Милевски на денешното рочиште за „Рекет“. Двајцата биле физички следени со посебни истражни мерки (ПИМ), за кои не знаеле од 21 јуни, па сѐ до денот на апсењето на 15 јули 2019 година.

Од снимките кои во судница ги презентираше обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска, која ја издала наредбата за следење, може да се видат неколку детали од средбите на двајцата обвинети, но засега нема објаснување за нив.

Пример, Милевски на 3 јули влегол од задната страна на Владата, се задржал кратко и излегол.

Тој бил следен и во Охрид. На една од снимката се гледа како тој се вози на четирицикл низ градот и застанува на бензиската станица да наполни гориво. Потоа со уште едно лице со квадрициклот се упатуваат кон Лагадин и Пештани. Во друга снимка Кичеец е забележан пред објектот Кадмо. Тој исто така во Охрид е сниман пред хотелот Парк како разговара со неколкумина непознатати лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.