Зоран Милевски – Кичеец нa 12 октомври треба да се појави во затворот Шутка, објави Алсат.

Упатниот акт го примил и треба да ги одлежи трите години затвор досудени во случајот „Рекет”.

Нема информација дали тој ќе бара одложување на казната. Кичеец беше осуден во „Рекет“ откако призна вина за изнудата на над еден милион евра од бизнисменот Орце Камчев.

Освен него во овој случај осудени се и Бојан Јовановски – Боки 13 на девет години затвор како и поранешната шефица на Специјалното обвинителство, Катица Јанева која доби седум години затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.