Во текот на вчерашниот ден во периодот од 17.00 до 23.00 часот на подрачјето на СВР Велес е спроведена контрола на возачи на мотоцикли, при што се констатирани и соодветно санкционирани 23 прекршоци, од кои девет во Велес, пет во Кавадарци и девет во Неготино.

На подрачјето на СВР Скопје, пак, вчера се санкционирани шест возила бидејќи биле нерегистрирани, шест возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, едно возило бидејќи било технички неисправно, еден возач поради поминување на црвено светло, а 70 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.