Забраната за движење од 21:00 часот вчера до 05:00 часот денеска не ја почитувале 49 лица, додека во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 260 прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.