Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, се вели во нивното соопштение

Само на територијата на Кисела Вода и Сопиште изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18, 17 за неисправни и нерегистрирани возила, за возење под дејство на алкохол 6 санкции и 16 мерки за неносење на заштитна маска.

На територијата на град Скопје, пак, изречени се вкупно 386 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 33, 41 санкција за технички неисправни и нерегистрирани возила, за управување под дејство на алкохол 7 санкции, 72 мерки за непрописно паркирани возила и 70 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.