На територијата на град Скопје се изречени вкупно 187 сообраќајни казни. Меѓу нив, 46 казни се за возење повеќе од дозволената брзина, 13 се за возење без возачка дозвола, а три за управување под дејство на алкохол.

Изречени се 15 санкции за користење мобилен телефон, 16 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест за некористење сигурносен појас, како и 63 санкции за непрописно паркирање.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.