Ноќеска околу 00.10 часот на автопатот Неготино – Демир Капија, Е.Ш. (41) од Кавадарци, управувајќи патничко возило „Мерцедес 400 ЦДИ“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.М. (70) од Кавадарци и бил пренесен во болницата во Кавадарци. Е.Ш. се здобила со телесни повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.