Две момчиња од Кавадарци на возраст од 20 и 22 години физички го нападнале својот татко.

Во ОВР Кавадарци, денеска 46-годишен кавадарчанец пријавил дека синоќа околу 23.30 часот во нивниот дом, бил физички нападнат од неговите синови на возраст од 20 и 22 години – информираат од МВР.

како што истакна портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, за МИА, се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.