Кавадарчанецот Пепи Тодорчев, кој со семејството долги наназад живееше во Чикаго, САД, пред два дена починал од корона вирус, а негови пријатели започнаа донаторска акција, со цел финансиски да се помогне на неговите најблиски.

Тодорчев (58) зад себе ја остави сопругата и три деца. Негови блиски од Кавадарци за ,,Фокус” откриваат дека и сопругата, како и едно од децата исто така се позитивни на вирусот.

-Пепи беше познат лик од Кавадарци, многумина се сеќаваат на неговото култно кафуле ,,Пест”. Неговата сопруга Гордана, по потекло од Неготино, исто така е позитивна на вирусот, како и постарата ќерка. Ова е тежок период за сите нив, да бидеме солидарни и да помогнеме – ни изјави негова блиска роднина од Кавадарци.

Собраните средства ќе и помогнат на фамилијата на Пепи да ги покрие погребалните трошоци, медицински трошоци, кирија, храна и месечни сметки, бидејќи тој беше единствениот вработен во семејството.

„Знаеме дека ова е тежок финансиски период за многу луѓе, па ако можете да донирате и најмала сума, длабоко ќе ви бидеме благодарни. Донациите се наменети за неговата фамилија – наведено е во апелот, кој кавадарчани масовно го споделуваат од вчера.

До денес, собрани се над 40.000 долари, а крајна цел на донаторската акција е сумата од 75.000 долари.

Сите кои се во можност да донираат и да помогнат на семејството Тодорчеви, тоа можат да го сторат на следниот линк:

https://www.gofundme.com/f/in-loving-memory-of-pepi-todorcev?utm_source=facebook&fbclid=IwAR2Z12RatOMSvIoO6od_4Mss5w_hPzMd2TdaCbqgR0t94qSXDkXt8faGTfk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.