На крстосницата од булеварот „Александар Македонски“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале дури седум возила, а пет лица се здобиле со телесни повреди.

Според информации на МВР, едно лице се здобило со потешки телесни повреди, додека другите биле полесно повредени.

Од МВР информираат дека во сообраќајната незгода учествувале товарно моторно возило, патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д. (25) од Скопје, товарно моторно возило,„митцубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.З. (27) од Велес, патничко моторно возило „дачија данкер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П. (27) од Скопје, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А. (44) од скопското село Грушино, патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(62) од село Миладиновци, скопско и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц. (30) од село Брњарци, Скопско.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.