Момче од Кичево вчера предизвикало сообраќајка, удрило во две паркирани возила и повредило пешак. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Вчера во 12.15 часот било пријавено дека во Кичево, на ул.„Исеин Акиоски” патничко возило „форд ескорд”, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(21) од Кичево, удрило во патничко моторно возило „опел вектра”, со охридски регистарски ознаки, паркирано од М.О.(43) од Кичево, а потоа и во пешакот М.Ш.(60) од Кичево и во патничко возило „опел астра”, со кичевски регистарски ознаки, паркирано од В.Ш.(32) од Кичево.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.