На 06.10.2021 во 10.46 часот во СВР Битола, В.Н.(50), кандидат за градоначалник на општина Новаци пријавил дека околу 10.30 часот од возачот на актуелниот градоначалник и В.Б.(46), полициски службеник во СВР Битола бил спречен да замине во с.Новаци и да снима спот на стадионот во селото.

Според пријавеното, додека се движел со патничко возило, двете лица со патничко возило му свиреле и се обиделе да го престигнат, но тој не застанал. Во врска со настанот во 11.30 часот во СВР Битола, В.Б. пријавил дека околу 10.00 часот, додека преземале службени дејствија, В.Н., кој бил со патничко возило, не застанал и продолжил со движење. Како што е пријавено, на ул.„Филип Втори Македонски“ со возилото се обидел да удри полициски службеник. Околу 12.40 часот, В.Н. бил приведен во полициска станица во врска со сторено дело по член 383 од Кривичниот законик и по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава. Во врска со истиот настан, во 15.05 часот во СВР Битола, Т.К., претседател на ФК „Новаци“ пријавил дека кандидатот за градоначалник В.Н. неовластено влегол во стадионот на ФК „Новаци“ да снима спот, соопштија од МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.