На 21.09.2021 во 11,30 чaсот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, товарно моторно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Б.(44) од Скопје, удрило во велосипед управуван од Д.Т.(40) од Скопје.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.