Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица за тешки товарни возила е во прекин.

Според информации на возачи кои чекаат да го продолжат патот кон М.Каменица, на коловозот се наоѓа превртен камион ДАФ, поради што е оневозможено тешки товарни возила да се движат по патот.

Се пропуштаат само автомобили додека според она што може да се забележи се чека влечна служба за да се отстрани камионот и сообраќајот да продолжи со нормален интензитет, јавуваат возачи.

Засега нема информации за повредени лица ниту за причината за превртувањето на камионот.

Поради влажниот коловоз од подружницата на Македонија пат препорачуваат внимателно возење и на останатите делници од овој патен правец. Од таму додаваат дека на одделни места е можна и појава на одрони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.