На 13.06.2019 година околу 14.30 часот на регионалниот пат Штип – Радовиш, на место викано „6-ти километар“, полициски службеници запреле товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.П.(46) од с.Петровец, скопско.

При контрола во возилото биле пронајдени 40 мигранти (26 од Пакистан, 10 од Сирија и 4 од Египет), од кои 12 се малолетници. З.П. бил приведен и задржан во Полициската станица Штип, а по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.