Камион со скопски регистарски таблички излета од патот од мостот кај Требеништа. Камионот е целосно уништен. Возачот е хоспитализиран.

На 23.07.2021 година во 07.20 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Требеништа, случена е сообраќајна незгода во која, товарно возило „Ивеко“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(46) од Скопје, излетало од патот – информираат од МВР.

Возачот е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде се констатирани тешки телесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.