Вчера попладне на Кукуречанска крстосница – Битола, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило – влекач „Ман“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.Љ. (50) од Богданци, патничко возило „Рено Меган“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш. (63) од с. Вирово, демирхисарско и патничко возило „Фолксваген Голф“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Ц.Е. (55) од Неготино.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „Голф“, М.Е. (35) од Неготино, која била пренесена во Клиничката болница во Битола, додека со телесни повреди се здобил возачот Д.Ш.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.