Кумановските пожарникари вчера гаснеле пожари на две возила, камион и на патничко моторно возило, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Според објавата, четворица пожарникари од територијалната противпожарна единица интервенирале на запалено возило камион во село Алешевце. Пожарот го гаселе четворица пожарникари во периодот од 22.42:00.25 часот со едно противпожарно возило.

Претходно, петмина пожарникари гаселе пожар на патнички автомобил на булеварот „Трета Македонска Ударна Бригада“ во периодот од 18:10 до 18:35 часот.

Причината, висината на материјалната штета ќе се утврдуваат-наведуваат од РЦУК Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.