Откако судијата не прифати тој да биде изземен како сведок, Орце Камчев денеска сведочешe на рочиштето за „Меѓународен сојуз“. Тој рече дека во судницата недостасуваат неколку личности како Катица Јанева, нејзиниот син Лазар и Зоран Милески Кичеец.

Камчев истакна дека Јовановски му понудил два проекти за фешн мол и за изградба на старски домови. Но, тој не ги прифатил проектите бидејќи немало финансиска исплатливост.

Ми беше посочено декa ако не ги прифатам ќе следи тортура врз мене, рече Камчев.

Бизнисменот објасни дека проектот за старски домови интерес имал синот на Јанева, бидејќи Лазар Јанев, а не Боки бил потпишан на понудата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.