Адвокатаката на обвинетата Катица Јанева, Ирена Фрчкоска, во завршните зборови на одбраната во случајот „Рекет“ истакна дека се направиле многу пропусти кон лицето Орце Камчев додека тој бил во притвор.

Таа тврди дека тој незаконски снимал и оти тие докази треба да бидат изземени при донесувањето на пресудата.

Камчев снимал и додека се наоѓал во домашен притвор иако имал забрана за користење на средства за комуникација, истакна Фрчкоска.

Таа прашува зошто не се испочитувани мерките за надзор врз Камчев и зошто тој продолжил со неовластеното снимање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.