Адвокатот Дељо Кадиев во завршните зборови истакна дека бизнисменот Орце Камчев од други лица дознавал дека против него се води истрага во случајот империја, а не како што тврдеше во сведочењето дека информаците му доаѓале од СЈО.

Адвокатот Димишков му кажал на Камчев дека е ставен под ПИ мерки а не Катица Јанева-рече Кадиев.

Според него, нелогично е да се гони Јанева да се гони дека наводно му помогнала на Камчев да излезе од притвор кога биснисменот изјавувал друго.

 

Камчев потврди дека излегол од притвор заедно со десетина други притвореници и оти не верува дека дека тоа е поради пари-вели Кадиев.

Адвокатот исто така потврди дека Јанева на Камчев никогаш не му понудила да биде заштитен сведок ниту пак спогодба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.