Адвокатите на Катица Јанева во денешните зборови се осврнаа на сопругата на Орце Камчев, Ана и на нејзиното претходно сведочење.

Кадиев кажа дека Ана тврдела дека во несесер H&М, не поголем од триесетина сантиметри сместила 350.000 евра кои наводно ги однела во домот на Боки додека таму била и Јанева.

Невозможно е во толкав несесер да се стават 70 снопчиња од по сто евра банконти. Законите на физиката не одат во прилог. За тоа ќе ви биде потребно патна торба. Згора на тоа Камчева тврдеше дека Боки подоцна и го вратил несесерот-објасни Кадиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.