При претрес во дом кај Н.Г. во село Арачиново е пронајдена неовластено поседувана муниција составена од куршуми со калибар 7,62мм и 7,9мм, информираат од Министерство за внатрешни работи.

По претходно издадена наредба за претрес на дом и други простории од страна на Судија на претходна постапка, вчера, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје извршиле претрес во дом кај Н.Г. во село Арачиново кој во моментот не бил дома – соопштија од МВР.

При претресот била пронајдена муницијата која тој неовластено ја поседувал, а по целосно документирање на случајот од страна на СВР Скопје до надлежното Јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.