Во Бутел се уапсени три лица, кои во близина на ТЦ Мавровка со пиштол му се заканувале на жител на Сингелиќ.

Вчера во 17:30 часот на ул.„Бутелска“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.К.(48), Е.Е.(39) и Н.К.(20), сите од Скопје, затоа што околу 16:30 часот на бул.„Гоце Делчев“, по расправија, со пиштол му се заканиле на И.М.(38) од с.Сингелиќ, скопско – информираат од МВР.

По преземени мерки пиштолот бил пронајден, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.