Двајца српски државјани се лишени од слобода синоќа во 23.30 часот на автопатот А-1, кај тунели Јаворица, од полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор и Граничен премин Богородица, заедно со полициски службеници од Р.Словенија, откако во товарно возило, со српски национални ознаци биле пронајдени 62 лица мигранти.

Од МВР денеска информираа дека лишени од слобода биле Х.Ф.(33) и М.Ф.(37), и двајцата од Р.Србија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.418 од Кривичниот законик.

– При контрола на товарно возило „ман“, со српски национални ознаки, управувано од Х.Ф., каде како совозач бил М.Ф.(37) биле пронајдени 62 лица мигранти. Возачот и совозачот од возилото биле приведени во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. Мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар Винојуг – Гевгелија за понатамошна постапка, се појаснува во соопштението од МВР.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.