Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, во Струмица ги лишиле од слобода струмичаните Б.Х.(28) и М.Д.(33).

Како што соопшти МВР, при преглед на Б.Х. биле пронајдени шест пакувања со кокаин, а при претрес во домот на М.Д., извршен со судска наредба на Основен суд Струмица, биле пронајдени две ќеси со кокаин и две пакувања со марихуана.

Лицата се приведени и задржани во Полициската станица Струмица, известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот тие ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, а против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.