Полицијата влезе во трагата на администраторот на групата  Јавна соба но ги обезбедила и телефонските броеви на над седум илјади членови, дознава Телма од извори во МВР. Во групата  формирана на социјалната мрежа Телеграф  беа разменувани фотографии на малолетнички со речиси порнографска содржина.

Средношколци но и возрасни споделуваа и коментираа интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од земјава. Групата со над  7000 членови од синоќа е преименувана од Јавна соба во Група само за возрасни.

Истрагата на полицијата е во тек, а информирано е и Јавното обвинителство. Ескпертите велат дека ова е само една од десетината вакви групи кои циркулираат на интернет.


Извор Телма

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.