Поранешната министерка Гордана Јанкуловска попладнево беше спроведена во затворот „Идризово“, каде што треба да одлежи затворска казна од 4 години, за случајот „Тенк“.

Од Кривичниот суд појаснуваат дека Јанкулоска не добила нов упатен акт за во затвор, бидејќи стариот, кој го добила по правосилност на пресудата, стапил на сила.

Во однос на раздвоената постапка за предметот од обвинителството означен како „Тенк“ против Г.Ј., а по објавените информации во дел од медиумите, ја информираме јавноста дека денеска (28.09.2020 год.) предметот од Врховниот суд е вратен во Основниот кривичен суд Скопје.
Предметот е распределен кај судија за извршување санкции кој издал наредба за спровод на осудената во КПУ Идризово, со оглед да на истата од претходно и е издаден упатен акт кој досега бил во мирување се до надлежно одлучување на највисокиот суд по поднесено барање за воредно преиспитување пресудата, а сите роковите за доброволно пријавување за издржување на затворската казна се веќе истечени. Согласно одлуката на Врховниот суд, постапката продолжува од оние дејствија кои претходно биле прекинати односно ставени во мирување, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.