Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје, ги одби приговорите на осомничените во случајот „Рекет“ во однос на обивнителниот акт на ОЈО. Од судот велат дека откако по одбрениот обвинителен акт ќе биде оформен кривичен предмет, истиот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а странките и јавноста ќе бидат известени за одржувањето на главната јавна расправа. Ова значи дека започнува судењето за осомничените во случајот „Рекет’, Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски.

 

Советот за оценка на обвиниителен акт на Основниот кривичен суд Скопје кој постапува по оценка на обвинителниот акт на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по приговорите на обвинителниот акт поднесени од Б.Ј., К.Ј. и З.М., на нејавна седница одржана денес без присуство на странките во постапката донесе решени со кое приговорите на осомничените се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост. Против ова решение, согласно одредбите до ЗКП, не се дозволува право на жалба”, велат од судот.

Отткако по одобрениот обвинителен акт ќе биде оформен кривичен предмет истиот согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно
постапување, а штом ќе биде закажан термин за одржување на јавна главна
расправа, странките и јавноста ќе бидат известени, додаваат од судот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.