Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева доби засилување во одбраната, дознава МКД.мк. Освен адвокатката Ирена Фрчкоска, Јанева во постапката за „Рекет“ ќе ја застапува и адвокатот Дељо Кадиев. Јанева денес е повикана во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за прв пат како осомничена, а извесно е дека освен затворска полиција од Истражниот затвор во Шутка, ќе биде во придружба и на двајца бранители.

Таа еднаш даде исказ пред обвинителката Вилма Рускоска, но како сведок во постапката и тогаш ја застапуваше адвокатот Стеван Павлески.

Но, бидејќи тој беше бранител на обвинет во случај на СЈО, се откажа од нејзиното застапување.

По него Јанева ја застапува адвокатакта Фрчкоска, а сега дел од одбраната ќе биде и Кадиев. Тој е бранител и во постапката за големата сообраќајка со „Дурмо турс“, односно го застапува сопственикот на оваа фирма кој е обвинет во случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.