Адвокатката Ирена Фрчкоска тврди дека Катица Јанева не стекнала никаква противзаконска корист од случаите што ги водела како специјален обвинител.

Фрчкоска тврди дека Јанева имала куќа во Гевгелија, земја во село Мрзенци, како и станови за синот и ќерката во Скопје, неколку години пред да стане обвинителка.

Дури и гарнитурата која ја купила во 2019 година и која беше одземена, Фрчкоска тврди дека била купена легално откако Јанева му дала пари, 4.000 евра да ја плати во салонот.

Во однос на Камчев, Фрчкоска тврди дека се однесувала исто како со другите притвореници.

Тој беше пуштен од притвор во домашен притвор заедно со уште пет други лица. Значи не бил привилегиран, смета Фрчкоска.

Во Кривичниот суд денеска одбраната на Јанева ги дава своите завршни зборови за предметот „Рекет“, по што ќе се отвори патот да се закаже рочиште за објавување на пресудата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.