Јане Ченто, обвинет за случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април, во своите завршни зборови рече дека од страна на одредени полициски и обвинителски структури добил понуда да биде заштитен сведок за крвавиот четврток, а наместо тоа да не биде обвинет за случајот.

Ми дадоа понуда односно бев уценет да бидам заштитен сведок во замена да немам кривична пријава. Требаше да читам лист хартија која ми беше дадена. Одговорот мој беше “и 100 години да ме судат немам намера лажно да сведочам ниту пак да местам луѓе”. Тогаш ми рекоа ќе зажалиш. После 1 месец ме уапсија, рече Ченто.

Покрај другото, тој истакна дека обвинителството товари погрешни луѓе за настаните во Собранието и дека вистинските виновници не се на обвинителна клупа. Ченто побара судот да донесе ослободителна пресуда што би била единствена праведна одлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.