Поранешниот министер, Миле Јанакиески денеска во судница изјави дека тој нема потпишано ливче за овој предмет, додека се чекаа решенијата за адвокатите по службена должност кој им ги додели судот на четворица обвинети, чии адвокати не дојдоа на судење за случајот ТНТ, за незаконското рушење на комплексот Космос на Фијат Цаноски.

Поранешниот министер рече дека за да се дознае вистината за овој случај треба да бидат испитани и Фијат Цаноски и Ардијан Амзоски, поради што побара од судот да бидат повикани како сведоци.

Цаноски комуницирал со Груевски, јас ливче немам потпишано, рече Јанакиески.

 

А каде е Груевски, го нема, го праша судијата Огнен Ставрев обвинетиот Јанакиески.

 

За жал го нема, рече Јанакиески.

Судот не му дозволува на Јанакиески да ги предложи овие двајца оштетени како сведоци,бидејќи биле присутни на судењата.

Судскиот процес за ТНТ е при крај и одбрана треба да даде Јанакиески.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.