По вчерашниот инцидент што се случи во истражниот затвор во Шутка во кој беа нападнати поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески од страна на притворени учесници во терористичкиот напад во Куманово пред четири години, двајцата министри, после болничкиот преглед, биле преместени во хашкото одделение во „Шутка“.

Тие двајца се преместени во друго одделение каде што се поизолирани и постапки се превземени уште денеска за време на прошетките да бидат во друг дел на затворот под постојан надзор на чуварите, изјавил директорот на затворот Ѓоко Котевски.

Тој додава дека затворениците во истражниот затвор во Шутка се безбедни.

Од синоќа веќе работиме и го истражуваме случајот, покрената е истрага. Разгледуваме списи, работиме интерни протоколи за детектирање за тоа дали има пропусти во работата. Во понеделник ќе имаме целосна слика за инцидентот, додал Котевски.

Портпаролката на Јавното обвинителство Елизабета Недановска, вели дека се уште нема информација дали ЈО ќе побара промена на притворот за двајцата поранешни министри од затворски во домашен. Таа вели дека јавноста ќе биде информирана ако ЈО одлучи да достави вакво барање до судот.

Миле Јанакиески и Спиро Ристевски од среда вечерта се наоѓаат во истражниот затвор во Шутка на барање на ЈО кое ги товари за организација на настаните во Собранието на 27 април 2017 година.

(извор – Слободен печат)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.