Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против еден жител на селото Орешани за кривично дело уцена.

За лицето на возраст од 22 години постои основано сомнение дека, со намера да прибави противправна имотна корист, уценувало своја 26-годишна познаничка дека за неа ќе открие, односно јавно ќе објави компромитирачки материјал фотографии кои ќе и наштетат на нејзината чест или углед. На тој начин осомничениот ја присилил оштетената да му даде парични средства во висина од околу 200 евра, се појаснува во соопштението на ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерки на претпазливост односно забрана за напуштање на живеалиште, престојувалиште, обврска повремено да се јавува кај определено службено лице или надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти со оштетената.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.