Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

На 27 април, 41-годишниот гостиварец со употреба на сила се обидел да принуди на обљуба една оштетена. Ја нападнал додека таа чистела во својот дом и ја соблекол. Жртвата дала активен отпор и во еден момент успеала да се оттргне, да го турне обвинетиот и да побегне – информираат од гостиварското обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Гостивар достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи се уште постои опасност од бегство, можност да влијае врз сведокот/жртвата како и можност да го повтори делото.​​

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.