Педесет килограми марихуана биле запленети синоќа во неготинско, при што приведен бил 29-годишниот Е.Е., соопштија утрово од МВР.

(фото: МВР)

Во рамките на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање на нелегалната трговија со наркотици, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи- Единицата за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Велес и ОВР Неготино, синоќа на подрачје на селото Дуброво, Неготино, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес на дом и други простории, појаснија од МВР.

Претресот бил во дом и други простории на 29-годишно лице. При претресот, во помошни простории кои ги користело лицето, пронајдени биле околу 50 килограми марихуана. Лицето било приведено, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.