Министерството за внатрешни работи во соработка со Државниот пазарен инспекторат досега извршиле контроли на вкупно 2.184 угостителски објекти, при што констатирано е дека 24 не ги спроведуваат одлуките на Владата.

Од вкупниот број контроли, 1.573 се направени за време на викендот (петок – недела) и 483 во текот на вчерашниот ден (понеделник). Понатамошното постапување по однос на констатираните непочитувања е во надлежност на Државниот пазарен инспекторат, стои во соопштението.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат одлуките на Владата кои се однесуваат на соодветна употреба на заштитна опрема, а угостителските објекти да ги преземат сите мерки за нивно соодветно спроведување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.