Двете лица кои со квадрицикл паднаа во провалија кај вилата „Принц” на Караџица, се извлечени во стабилна состојба со веројатни скршеници и се предадени на две екипи на Итната медицински помош кои се упатија кон медицинските центри во Скопје, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Претходно, ЦУК соопшти дека на бројот 112 добиле повик за помош од две лица кои со квадрицикл излетале од земјен пат и паднале во бездна длабока околу 20 метри, по селото Алдинци во близина на вила „Принц”.

За настанот биле известени и координирани МВР, Итната медицинска помош и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Како што информираа тогаш, на местото на несреќата веќе била пристигната екипа на Итната медицинска помош, но поради непристапноста на теренот се чекал тимот со специјална опрема од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.