Албанските медиуми објавуваат фотографии од возилото кое синоќа беше цел на вооружен напад.

Нападот, се случил околу 20 минути по полноќ, на улицата „Ферид Бајрам“ во скопска Железара.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека И.А.(29) и С.Р.(35), двајцата од Скопје, биле повредени од огнено оружје и било оштетено патничко возило „Ауди“, сопственост на Е.С.(33) од Скопје , велат од МВР.

Во текот на денот се очекуваат детали од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.